Србија: Шест лица уапсени поради детска порнографија

Српското МВР со соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград лишија од слобода шест лица кои што се сомничат за дистрибуирање на детска порнографија.

Во рамки на акцијата бил извршен претрес во станбени и други пристории на шесте лица и привремено биле одземени компјутерите и другата дигитална опрема.

Шесте лица се на возраст од 20 до 64 години од различни делови на Србија, а за нив постои сомнение дека подолг временски период на интернет набавувале и дистрибуирале порнографски материјал настант со сексуално искористување на малолетни лица.

-Кај сите осомничени, во рамки на акцијата била пронајдена поголема количина материјали со детска порнографија. Дел од материјалите биле чувани во криптирани папки, дел бил избришан, а дел од нив бил чуван на надворешна меморија, соопштуваат од српското МВР.

Осомничените се теретат дека фото и видео материјалите настанати со сексуална експлоатација на деца воглавно ги прибавувале, разменувале и дистрибуирале на интернет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.