Србија спроведува истрага против полицајците кои ги палеа амбасадите

Вишото обвинителство во Белград во наредните денови ќе поднесе барње за отпочнување кривично гонење на одговорни претставници на Министерството за внатрешни работи на Србија, затоа што не ги обезбедиле странските амбасади за време на митингот „Косово е Србија“ во 2008 година, кога Косово ја прогласи својата независност.

Весникот „Данас“ пренесува дека меѓу осомничените се наоѓаат тројца полициски генерали: Стеван Бјелиќ, Боривое Тешиќ и Младен Курибак, како и поранешниот началник на полициската управа во Белград Слободан Вуколиќ.

Додека пак директорот на српската полиција, Милорад Вељович, не е меѓу осомничените.

Сите се обвинети за пропусти во работата и создавање јавна опасност, што за последица го имало палењето на амбасадите на САД и Германија. Во пожарот во американската Амбасада загина еден човек.