Србија: Стартуваат преговорите за членство во ЕУ

Преговорите меѓу Србија и Европската унија официјално започнуваат од утре, пишува денеска српскиот весник „Политика“.

Првата меѓувладина конференција меѓу Србија и ЕУ ќе се одржи утре во Брисел. Српската делегација ќе биде предводена од премиерот Ивица Дачиќ и вицепремиерот Александар Вучиќ. Предвидено е да започне во девет часот по локално време и да трае еден час, по што ќе има изјава за медиумите.