Балкан

Србија стравува дека ЕУ може да и врати назад 150.000 бегалци

Србија стравува дека ЕУ може да и врати назад 150.000 бегалци

Во текст под наслов „ Шокантна порака – може да ни вратат 150.000 бегалци “ белградскиот весник „Блиц“ ја цитира портпаролката на ЕК, Наташа Берто дека договорите за реадмисија потпишани меѓу Србија и ЕУ им дозволуваат на земјите-членки да не ги враќаат само српските граѓани на кои им е отфрлено барањето за азил, туку и „граѓани од трети држави“, односно бегалци од Сирија, Авганистан и други земји.

Србија подготвува контрамерки

Официјални претставници во Белград прашуваат кој и врз каква основа ќе одлучува кој да биде вратен во Србија, а министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ истакна дека се подготвуваат контрамерки. Тој нагласи дека е недопустливо „Србија да биде затворена со огради и сообраќајот да се прекинува“.

TOVARNIK, CROATIA - SEPTEMBER 18: Migrants begin to board busses at Tovarnik railway station following crossing from Serbia on September 18, 2015 in Tovarnik, Croatia. Officials are saying that they had no choice than to close eight road border crossings yesterday after more than 11,000 people entered the country since Hungary fenced off its border with Serbia earlier this week. (Photo by Jeff J Mitchell/Getty Images)

– Ако Европа не е способна да управува со ЕУ, ќе бидеме принудени да преземеме контрамерки. Наместо ЕУ без граници, повторно имаме Европа со железна завеса. Србија не може да дозволи да биде концентрационен логор, оградена со бодликава ограда, со прекинат сообраќај, и никој да не реагира за тоа, смета Дачиќ.

Според „Блиц“, подготвуваните контрамерки од страна на Белград се тужби пред меѓународни судови против државите кои ги затвораат границите со Србија. Сите министерства веќе подготвуваат информации какви штети би имала земјата од затворањето на границите.