Србија: Уапсени 80 лица за финансиски криминал и корупција

Српската полиција во координација со надлежните јавни обвинителства уапси 80 лица поради основани сомневања дека од 2004-тата година сториле повеќе кривични дела поврзани со финансиски криминал и корупција, јавува „Танјуг“.

По налог на Обвинителството за организиран криминал досега во притвор се 8 лица: С.М. (1965), Д. П. (1970), З. Š. (1961), М. С. (1959), Ј. К. (1957), З. Р. (1954), М. Г. (1950), И. Р.(1952).

Осомничените кои не се вчера изведени пред обвинителите на сослушување, денеска ќе бидат сукцесивно приведени, а после тоа ќе се одлучува кој ќе биде во притвор, а кој ќе се брани од слобода.

Вонредна прес-конференција на српскиот министер за внатрешни работи
Вонредна прес-конференција на српскиот министер за внатрешни работи

Поранешниот српски министер Слободан Милосављевиќ се товари дека во својство на министер за земјоделство, шумарство и водостопанство го извршил кривичното дело „злоупотреба на службената позиција“.

Стефановиќ: Акцијата ќе продолжи и понатаму

Говорејќи за полициската акција…