Балкан

Србија уапси 38 полицајци и цариници во антикорупциска операција

Србија уапси 38 полицајци и цариници во антикорупциска операција

Српското МВР соопшти дека српската полиција уапсила 38 полициски и царински службеници и ги обвини з акорупција и злоупотрба на службената положба.

Дваесет и девет полициски службеници и деветмина цариници работеле во северниот град Бачки Брег и на блискиот граничен пункт со Унгарија.

Апсењата биле извршени во соработка со унгарските власти, соопшти српското МВР. Еден цивил исто така бил уапсен.

Постојат сомневања дека во последните 15 месеци групата вршела повеќе криминални дејствија, вклучително давање и земање поткуп и злоупотреба на службената положба, се наведува во соопштението.

Осомничените се обвинети дека се вмешани во шверц на стоки во ЕУ и злоупотреба на безвизното патување меѓу Србија и Унијата.