Македонија

Србија упати помош од 50.000 евра за Македонија

Србија упати помош од 50.000 евра за Македонија

Владата на Србија одлучи да упати помош од по 50.000 евра за Македонија и Албанија, кои веќе неколку дена се борат со последиците од катастрофалните поплави.

Ова, како што пишува српски „Курир“ било одлучено на вчерашната седница на Владата, а иницијатор на предлогот бил и премиерот Александар Вучиќ.

Српските медиуми инаку пишуваат дека поради обилните дождови и порастот на водостојот на реките Шемница и Црна во пелагонсикиот дел во Македонија се формирало езеро поголемо од Дојранското Езеро, со длабочина од три метри.