Србија: Уште една жртва на грип, двајца во критична состојба

Триесетишестгодишен маж од Парачин е новата жртва на грипот во Србија. Тој се лекувал на Клиниката за инфективни болести во Крагујевац, а починал синоќа, објави Б92.

Според информациите од Клиничкиот центар, пациентот бил примен на лекување во доста лоша здравствена состојба, со компликации настанати поради инфекција од вирусот на грип, коишто биле присутни неколку дена пред приемот.

Инаку, здравствената состојба се влошила и кај двајца други пациенти кои што во Крагуевац се лекуваат од грип и во моментов лекарите се борат за нивниот живот.

Пред два дена на инфективната клиника од грипот почина бремена жена (33) од околината на Белград.