Србија: Во акцијата „Скенер“ уапсени 46 лица

Српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ објави дека 46 лица се уапсени во рамките на полициската акција наречена Скенер.

Стефановиќ објасни дека лицата се уапсени поради сомнение дека извршиле кривично дело примање и давање мито, и додаде, дека се уапсени уште неколкумина поради различни кривични дела, главно за злоупотреба на службената должност и проневера на пари.

Тој на прес-конференција рече дека  уапсените, наводно, го оштетиле буџетот на државата, на покраината Војводина и на неколку општини во Србија за седум милиони евра.

Стефановиќ рече дека меѓу уапсените има и 15 припадници на сообраќајната полиција, судија за прекршоци во Гуча и службеник во пензискиот фонд.

Поранешниот фудбалер на Црвена Ѕвезда, Зоран Његуш, е уапсен во акцијата на српското Министерство за внатрешни работи, наречена Скенер.

Тој е уапсен поради малверзации со недвижнини во Златибор, чија вредност е преку 2 милиони евра. Се работи за објект кој поранешниот тренер го купил во центарот.