Србија во Брисел ги отвора поглавјата 20 и 26

На меѓувладина конференција во Брисел денеска Србија ќе отвори две нови поглавја од преговорите за прием во Европската Унија.

Поглавјето 20 ги опфаќа претприемаштвото и индустриската политика, а Поглавјето 26 е за култура и образование и се очекува токму ова Поглавје 26 веднаш да биде и затворено.

Србија досега отвори осум и привремено затвори две, од вкупно 35 поглавја.