Србија во иднина ја очекуваат екстремни поплави и суши

Климатските промени  во наредните години во Србија ќе предзивикаат екстремни суши и поплави, покажала студијата на Хидрометеоролошкиот завод во Србија која денеска беше презентирана во Белград.Студијата е само еден од проектите кои од 2006 година Заводот ги спроведува со финансиска помош од Норвешка.

„Климатските промени, односно глобалното затоплување влијае на зголемување на температурата што ќе доведе до промена во врнежите во смисла на распределба на врнежите, така што ќе имаме периоди на екстремни суши и поплави,“ изјави за агенцијата Бета, шефот на проектот Славимир Стевановиќ.

Стевановиќ наведе дека студијата се однесува на периoдот од 2000 до 2030 година, а потоа 2030 до 2060 и до крајот на 21 век.Стевановиќ изјави дека сушите и поплавите нема да бидат чести, но дека екстремните периоди долго ќе траат.

„Затоа е важно таквите ситуации да се следат и добро прогнозираат, локалните власти da проценат дали во близина на реките ќе се прават фабрики или населби,“ изјави Стевановиќ.

Според него, подобрите прогнози овозможуваат три дигитални уреди кои се поставени на сливовите на реките Колубара, Толица и Јасеница.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.