Србија во Русија гледа голем и искрен пријател

Српскиот претседател Томислав Николиќ денеска на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин, истакна дека Србија во Русија гледа искрен и голем пријател и дека помошта од Москва е многу значајна за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, посебно кога е во прашање Косово.

На почетокот на средбата, Путин потсети дека пред цели 70 години беа водени борби за ослободување на Белград, оценувајќи дека тоа била заедничка битка за „исправна цел“.

Николиќ додаде дека Србија во Русија гледа голем сојузник, соработник и партнер и дека нема да ја загрози својата позиција со влошување на односите со Русија.

Тој истакна дека Србија денес нема непријатели, но има мали и поголеми пријатели и додаде дека Белград во Русија гледа голем пријател.

– Србија на тој начин покажа дека размислува онака како што размислувале нашите претци, кои ги учат своите деца да ја сакаат и почитуват Русија. Нас не поврзува се, не само заедничкото словенско потекло, јазик, вера, традиција и култура, туку и тоа што секогаш сме биле на иста страна, додаде претседателот на Србија.

Кога станува збор за Косово, чија независност Русија не ја призна, Путин рече дека Москва зазема принципиелен став, кој не се однесува само кон пријателските односи на двете земји, туку и кон меѓународното право.

– Тоа е принципиелен став кој нема да биде променет. ние ја поддржуваме Србија и имаме намера сеуште да ја поддржуваме“ додде тој.

Путин оцени дека трговско-економските односи меѓу двете земји имаат тенденција за пораст, но дека можат да бидат многу подобри отколку сега, и изрази надеж дека по дешните разговори со српските претставници, ќе бидат пронајдени доплнителни причини за понатамошна соработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.