Србија загреана за Голи оток

Србија најсериозна во своите намери да го купи „балканскиот Алкатраз“, откако хрватските власти најавија дека од есен Голи оток оди на продажба. Земјата испратила „писмо на намери“ до Хрватска.

Местото денеска е запуштено, зградите се распаѓаат и постои опасност за љубопитните туристи кои се шетаат низ урнатините. Пред неколку години имало полиција, но сега нема.

Заинтересираност за реставрација на Голи оток покажале и студенти по архитектура од Грац кои предложиле во Проектот да има и музеј, работилница, како и центар за решавање на меѓународни конфликти.

Членовите на Здружението Голи „Анте Земљар“ од Хрватска предложиле Голи оток да се претвори во место на сеќавање на 13.000 поранешни затвореници, а поголемиот дел од јавноста во земјата смета дека идејата да се гради луксузен хотел и дискотека на местото е скандалозна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.