Србија загрижена за настаните во Македонија

Српскиот премиер и избран претседател Александар Вучиќ оцени во петокот дека настаните и судирот во македонскиот парламент повеќе не се само македонски проблем „туку проблем на сите кои тука живеат“, апелирајќи до македонските граѓани да ги надминат по мирен пат.

„Многу сум загрижен поради сите случување во Македонија и мојата единствена порака, а мислам дека луѓето во Македонија тоа го знаат, е да ги замолам сите проблеми и несогласувања да ги решваат на мирен начин, бидеји тоа е во нивен најдобар интерес, а сите други работи може да се решаваат на преговарачката маса, во мирна атмосфера“, исткана Вучиќ за агенцијата Танјуг.

Во врска со немирите во македонското Собрание од четвртокот вечерта, за петокот попладне закажа седница на српското Биро за координирање на безбедносните служби.

За ситуацијата во Македонија, Вучиќ во четвртокот ноќта разговарал со високите финцкионери во регионот и во тие разговори било заклучено дека смирувањето на ситуацијата е единственото можно решение.

Како што претходно беше објавено, Вучиќ бил во контакт со челникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и со претседавачот на алабанскиот парламент Илир Мера.