Србија завиена во црно: Мешалица сомеле 5-годишно дете

Трагедија се случила вчера околу 20 часот во пекарницата „Николиќ“ во Белград, кога 5-годипниот Душан паднал во пекарска мешалица, која била вклучена во струја и бил усмртен на лице место.

Како што пишува српски Блиц, родителите на детето ја опремувале пекарата и биле присутни за време на несреќата.

Но иако биле присутни, детето во некој момент најверојатно ја дофатило големата пекарска мешалица, ја вклучило во струја, па се слизнало и паднало во неа.

На местото на несреќата веднаш дошла Итна медицинска помош, но од здобиените повреди детето починало на лице место.

tragedija
Местото каде се случила трагедијата

Луѓето кои биле во близина сведочеле дека лелекот на родителите се слушал и било навистина непријатно.

Она што оваа трагедија ја прави уште поголема  е информацијата дека несреќата прва ја видела неговата сестра.

trageidja
Таткото по несреќата не ја пуштал од рака играчката на Душан

-Слушнав како девојчето вреска „Тато, тато!“, а потоа како таткото лелека „Сине, сине…“ криковите на сестрата цела вечер ми ѕвонеа во уши и не заспав цела вечер, вели сосед.