„Србијагас“ ги оштетила граѓаните за 6 милиони евра

Фирмата на Душан Бајатовиќ на граѓаните им наплатила гас кој никогаш не им го испорачала. Евидентирано е дека на мерните станици од Појар до Батајннива влегле вкупно 718.553.140 кубни метри гас, додека наплатена е потрошувачка за 733.460.627 кубни метри гас.

„Србијагас“ само за една година потрошувачка на гас ги напумпала фактурите за нешто повеќе од шест милиони евра, дознава српски Курир, а пренесува НетПрес.

Според пресметките, ова јавно претпријатие за снабдување со гас од 1 јануари 2014 година до 1 јануари 2015 година фактурирало 15 милиони кубици син енергенс повеќе.

Прикажување на губитоци

Според документацијата во која Курир имал увид, евидентирано е дека на потрошувачите им биле наплатени 14.907.485 кубни метри гас повеќе.