Балкан

Србин изведе спектакуларно бегство од затвор во Австрија

Србин изведе спектакуларно бегство од затвор во Австрија

Четириесет и тригодишен осуденик, државјанин на Србија, бил во притвор откако бил осуден за измама и требало да биде одлежи казна до декември 2019 година, меѓутоа, како што пишуваат австриските медиуми, најверојатно не му се допаѓал престојот во затвор, па решил да побегне.

Ноќта меѓу петокот и саботата тој испровоцирал тепачка меѓу затвореницитесо кои делел ќелија, при што се здобил со повреди и откако побегнал, учесниците во тепачката велат дека самиот се повредил.

Во саботата поради повредите бил префрлен во болница во Шердинг каде потоа во неделата, додека семејството му било во посета, син му најверојатно незабележително му оставил мобилен телефон преку кој го договорил бегството.

Во понеделникот попладне почнал да повраќа, поради што чуварот го отворил прозорецот за да влезе свеж воздух во просторијата. Токму тоа го чекал затвореникот. Скокнал на грејното тело на ѕидот под прозорецот, а од прозорецот на вториот кат паднал на улица каде го чекал син му со автомобил и двајцата побегнале.

На само 20 километри од местото на бегството полицијата го запрела возилото, но внатре бил само соучесникот, додека таткото побегнал во непознат правец.

Против синот е покренато обвинение за помагање при бегство, за што може да добие две години затвор.