Србин ја злоставувал 7 годишната ќерка

Н.С. (44) од околината на Ниш, е уапсен под сомнение дека во најмалку два наврати вршел сексуални акти врз седум-годишната ќерка. Тој е осомничен дека пијан непристојно го допирал девојчето, го соблекувал и лежел врз неа.

Училиштето го пријавило монструмот во полиција.

– Наставничката дознала дека девојчето им се пожалило на своите другарчиња дека нејзиниот татко ја пипка и лежи на неа. После разговорот во училиштето, под сомневање за сексуален напад на детето пријавен е во полиција НС – велат соговорници од истрагата.

Мајка го оставила девојчето уште од мало, во раното детство, а тоа живело со нејзиниот татко и баба и.

– Бабата забележала дека тој прави нешто погрешно со девојчето, па затоа постојано се расправала со него. Таа почнала со детето да се заклучува во соба кога тој ќе се врател дома, особено кога бил пијан, но и тоа не го спречувало.

Откако е уапсен, се изјаснил за виновен, но, исто така, рекол дека не знаел што правел поради алкохолот – соопшти полицијата во Ниш.