Србин киднапиран во Либија

Триесет и пестгодишниот Мирослав Томиќ, државјанин на Србија во саботата бил киднапиран во Либија, пренесува весникот Вечерње новости“.

Информацијата весникот ја потврди во Министерството за надворешни работи на Србија. Српското МНР соопштува дека е во постојан контакт со либиските влaсти, со кои работат на тоа ситуацијата што побрзо да се реши и Србинот да биде ослободен.

Томиќ, кој работи на нафтени полиња оддалечени 1.200 километри од Триполи бил киднапиран при контролата на нафтеното наоѓалиште „Месина Оилфилд“ кое е во сопственост на компанијата „Арабијен Голд Олив Копани“.

Поради фактот дека наоѓалиштето не се наоѓа во зоната на судири се претпоставува дека киднапирањето го извршиле локални криминални групи, со цел најверојатно, да побараат откуп.

Томиќ живее во Либија во последните 20 години и е вработен во германската компанија „Феролстал“, која се занимава со одржување на нафтени цефки и постројки.