Србин ограбен во тоалет во Транспортен Центар

На автобуската станица во Скопје, државјанин на Србија, Б.С. вчера околу 10 часот бил нападнат и ограбен од непознат сторител.

Според информации од полицијата, инцидентот се случил во тоалетот во Транспортен Центар – Скопје, кога разбојник со закана со огнено оружје, му одзел 150 евра на Б.С.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сторителот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.