Србин осомничен за кражба во манастирот Св. Илија во Мирковци

Ограбени црква и манастир во скопско
Ограбени црква и манастир во скопско

Србин е осомничен за кражба во манастирот Св. Илија во село Мирковци.

Како што јавува МВР, вчера во 10.30 часот на граничниот премин Табановце бил задржан С.И. (30) од Р.Србија поради сомнение за сторено кривично дело кражба во манастир Св.Илија во с.Мирковци.

Во 12.30 часот истиот бил предаден на полициски службеници од Полициската Станица Чаир  за понатамошна постапка.