Србин претепан до смрт во Австрија

Во болница во градот Линз во Австрија починал Далибор Лукиќ (30) гастарбајтер од Велики Поповац од Србија, од здобиените повреди од претепување од страна на неколку Албанци од Косово.

Тој бил физички нападнат пред десет дена во угостителски објект во австрискиот град Линз и крвнички претепан.

Според приштинска Коха.нет Лукиќ бил заедно со свој пријател кога почнала расправијата со косовските Албанци во ресторанот каде најчесто гостите се од поранешна Југославија.