Србин се обидел да шверцува папагали во Македонија

Српски државјанин се обидел да прошверцува 56 папагали во земјата превезувајќи ги во автобус со српските регистарски таблички, информира Царинската управа.

Србинот, според информациите од царината, птиците од расата Ексоте ги пренесувал во два кафези сместени во црна најлонска кеса кои биле пронајдени во багажниот простор на автобусот што сообраќал на релација Белград – Атина.

Zlatni moneti, Aerodrom

Во друг случај на аеродромот „Александар Велики“, цариниците заплениле 15 златни монети со ознака на австирскиот император Франц Први со вкупна маса од 160 грама.

Монетите се пронајдени кај македонски државјанин кој допатувал со лет од Базел, Швајцарија. Заедно со вредните монети била пронајден и фактура со износ од 7,000 швајцарски франци издадена од швајцарска банка.