четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 61

Србин уапсен во Унгарија за криумчарење луѓе

Србин е уапсен во Унгарија за криумчарење луѓе. Унгарската полиција благодарение на термовизиските камери уапсила еден српски државјанин под сомнение дека се обидел во земјата да прокриумчари четворица државјани на Србија од Косово и Метохија.

uapsen

Последни вести

Унгарска граница

Унгарска граница

Како што соопшти полицијата, 32-годишниот маж и групата од четворица луѓе во околината на пограничното место Реска пред два дена околу 20.30 часот биле откриени од термовизиските камери на пограничната патрола во која имало полицајци од Унгарија, Чешка, Словачка и Полска, пренесува „Танјуг“.

Српскиот државјанин во момeнтов се наоѓа во притвор, а против него е поднесена кривична пријава за криумчарење луѓе.

Најчитани вести