Србин уапсен во Унгарија со дрога вредна 1,2 милиони евра

Унгарската полиција уапсила 39-годишен Србин со наркотици вредна 1,2 милиони евра, пренесуваат белградските електронски медиуми во саботата.

Унгарската погранична полиција на граничниот премин Реске извршила темелна проверка на „фиат“ со српски регистарски таблички и пронашла 112 килограми хашиш и 9,3 килограми марихуана во автомобилот.

Според унгарската полиција, вредноста на дрогата на црниот пазар вреди 1,2 милиони евра.

Српскиот државјанин е испрашуван и уапсен, а против него ќе биде покрената кривична постапка за шверц со дрога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.