Србин закопувал живи луѓе

Србинот Д.Б. од Бачко Градиште и двојка од Будимпешта се обвинети дека ограбиле и убиле пет лица. Обвинителот бара монструозното дело да биде најстрого казнето беа никаква можност за намалување на казната.

Според сведоштвото на првообвинетиот, тој учествувал во војната во Југославија, а другите членови на бандата го заплашувале. Живеел во криминално маало, каде заедно со другите осомничени одгледувале марихуана. Кога им снемало еден килограм од дрогата, двојката од Унгарија го намамила првообвинетиот да го однесе човекот за кого се сомневаат дека ја украл марихуаната во шума, каде го претепале, а неговиот труп го запалиле. Истото го направиле и со другите четири жртви, изјавил обвинителот.
Првообвинетиот, Србинот Д. Б. по бегството од Србија во Унгарија користел дури 16 различни имиња. Покрај него, уапсени се уште пет лица кои се товарат за монструозните злочини.

Инаку, монструозните злочини на осомничените се откриени откако пред неполни два месеци тие го повикале Румун М.М. на пијачка во едно кафуле. Но, наместо на дружба тие го ограбиле, му ги заврзале рацете и жив го закопала. За среќа, 31 годишниот Румун успеал да побегне, односно да се откопа, а случајот го пријавил во полиција. Румун на полициските службеници им открил дека лидер на криминалната банда е човек од поранешна Југославија, а истото го утврдил по јазикот.

Полицијата веднаш го проверила теренот каде бил закопан Румун и открила уште тела. ДНК анализата утврдила дека станува збор за пет лица, кои најпрвин биле убиени а потоа запалени и закопани.
Иако на почетокот на истрагата се шпекулираше дека станува збор за Македонец кој извесен период живее во Унгарија, полицијата по направените истражувања констатираше дека за ѕверските злочини одговорен е српскиот криминалец Драган Бајиќ.
Во српското досие на Д. Б. има 30 слични пријави за кражба на автомобили и домови.