Србинка ги приморувала внуците да просат

Полицијата во Шабац поднела крвична пријава против 57-годишна жена поради сомневање дека ги приморувала нејзините внучиња на питачење.

Како што дознава српски Блиц, полицијата се сомнева дека бабата внучињата помлади од 14-години ги терала да просат по улиците во Шабац, додека нивната мајка се пораѓала во болница.

На бабата се уште не и е одреден притвор бидејќи истрагата е во тек.