Србинка избодела со нож тројца мажи откако ја силувале

Дваесет и тригодишна Србинка која живее во Виена избодела со нож тројца мажи кои ја силувале откако претходно ја издрогирале.

Неофицијално таа и тројцата мажи случајно се сретнале пред две вечери во еден клуб, па заедно прошетале низ неколку кафулиња, па на крајот дружењето го завршиле кај неа во станот, во кој била уште една девојка и момче, но во другата соба.

Според информациите од полицијата, Петра, која со ваков псевдоним ја водат австриските медиуми, најверојатно била зашеметена со дрога. Таа рекла во полиција, дека кога утрото се разбудила и видела што и се случило, и се стемнило, по што зела кујнски нож и ги избодела мажите на возраст од 19, 20 и 21 година.

Двајца од мажите се здобиле со тешки убодни рани, додека третиот има повреди на зглобот. Сите тројца се згрижени во болница. Девојката исто така била повредена, па и таа е префрлена на лекување.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.