Србинка ја тужи државата, бара 140 илјади евра

Марина Андрејиќ од Мајловац ги тужи државата, Министерството за правда и Врховниот суд во Пожаревац и бара 16,3 милиони динари или 140 илјади евра.

Таа со пресуда на Апелацискиот суд од 3 јули 2012 е ослободена од обвинението дека во јули 2010 го убила својот син Ѓорѓе (13).Поради 703 дена поминати во притвор од 27 јули 2010 до 3 јули 2012, како што вели незаконски, сега бара отштета.

Србислав Стојановиќ адвокат на Марина (44) вели дека тужбата официјално е предадена кон крајот на јули, а сега чекат рочиште.

Синот на Марина исчезна во јули 2010 која со неа отишол во бавча. Кога се повредила со мотика по ногата, момчето заминало дома по помош. Од тогаш му се губи секоја трага. Марина од Врховниот суд во Пожаревац беше осудена на 20 години затвор поради тоа убиство, но Апелацискиот суд ја ослободи.

Во меѓувреме, сопругот на Марина починал, а ќерката ја преземала свекрвата.