Србинка убиена во БиХ: Застрелана по грешка, убиецот се самоубил

Дваесет и деветгодишен маж убил жена која преноќила во угостителски објект во местото Присое, по што се самоубил.

Според неофицијалните информации, Младен Даниловиќ по „грешка“  убил жена од Србија, бидејќи наводно сакал да се пресмета со својата девојка која работела во тој објект.

Оваа трагедија се случила изминатата ноќ околу три часот. Даниловиќ откако ја усмртил несреќната девојка се самоубил.

Во тек е увид на тамошната полиција, по кој што ќе бидат познати повеќе детали.