Србинките се европски шампионки во кошарка

Женската кошаркарска репрезентација на Србија првпат во својата историја е европски првак откако вчера во финалето од Евробаскетот во Унгарија и Романија ја совлада Франција со 76:68.

Најефикасна на теренот беше Ана Дабовиќ со 25 поени, а Соња Петровиќ додаде 22. Кај Франција, прв стрелец беше Груда со 16 поени.

Не само што ова е прва титула за Србија во историјата на Европските првенства, туку и прв медал воопшто. Најголем успех досега беше четвртото место од претходниот континентален шампионат. Освен што го освоија трофејот, тие изборија и директен пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро идната година.

Инаку, третото место на првенството го освои Шпанија која во мечот за бронзата ја совлада Белорусија со 74:58.