Србинот Обрадовиќ е нов советник на Заев, со плата од 72.000 денари

Александар Обрадовиќ е надворешен советник за економски прашања за соработка на Република Македонија со земјите од регионот во кабинетот на премиерот. Висината на месечниот надомест изнесува 72.000 денари, објави МКД.

Тој, од неодамна, со владина одлука е и македонски државјанин.

Според изјавите на премиерот Зоран Заев, Обрадовиќ бил планиран за прв човек на ЕЛЕМ, но по написите по медиумите за поранешниот директор на српските електрани (ЕПС), се чини дека Владата се откажа од ваквото кадровско решение. Сепак, новиот ангажман на Обрадовиќ во Македонија е советник за економски прашања.

Пребарувањето по српските медиуми покажува дека се работи за уште една контроверзна личност (по изборот на Зоран Башановиќ за надворешен соработник). За Обрадовиќ пишува дека кога бил директор на ЕПС плаќал советници по 3.800 евра, дека ЕПС е во долг, дека директорот го минира договорот со Кинезите, штелува тендер за наплата на струја…