Интервјуа

Србиновски: Човекот не најде замена за водата и не ни останува ништо освен рационално однесување

Србиновски: Човекот не најде замена за водата и не ни останува ништо освен рационално однесување

Нетпрес: Повеќе од една година сте прв човек на скопскиот „Водовод“, како ја оценувате вашата работа досега и дали го реализиравте она што сте го планирале за вашата прва година на функција?

Србиновски: Она што е замислено мислам дека е реализирано иако има уште доста работа најверојатно тој дел од работата ќе се реализира по моето заминување и доаѓањето на мојот наследник. Да потсетам ЈП е едно од најстарите во Скопје, лани прославивме 105 години постоење што значи дека е тој долгорочен процес, а јас сум само дел од механизмот наречено раководство на ЈП „Водовод и Канализација“ и се трудам што повеќе да оставам трага во моето работење, а да биде позитивно како за самото претпријатие, така и за нашите корисници и Градот Скопје.

Што се однесува до моето работење јас би оставил другите дадат оценки, не би било благодарно јас да давам оценки за моето работење. Бидејќи како јавна функција сепак таа е ставена на тест на јавноста дали е задоволно или не е задоволна од мојата работа.

Нетпрес: На почетокот на годинава почнавте со проектот за обнова на 15 километри водоводно мрежа, до каде е овој проект и ги чувствуваат ли веќе граѓаните, но и јавното претпријатие, бенефитите од оваа инвестиција?

Србиновски: Во 2007 година дојде до драстично зголемување на цената на водата дури за 98 отсто се со цел да се обезбедат можности „Водовод и Канализација“ да преземат некои обврски, а тоа е реконструкција на постоечки дотраени водоводни мрежи, пред се’ азбестни цевки познати како салонитни цевки и поцинкувани цевки со многу помали дијаметри во однос на сегашните цевки кои се вградуваат. Досега од 2008 година заклучно со 2012 година вкупно е инвестирано 580 милиони денари и при тоа веќе се реконструирани 70 километри водоводна мрежа. Оваа година планираме да реконструирами 15 километри водоводна мрежа во износ од 120 милиони денари. Можам да кажам кои се веќе пуштени од реконструираните мрежи тоа се: улицата Виа Игнација во општината Ѓорче Петров, улицата Шарпланинска во општината улицата во должина од 426 метри, Ибе Паликуќа во населбата Хром во должина од 238 метри, локалитетот Речиште во село Драчево во должина од 325 метри, улицата Копачка во населбата Козле 189 метри, во општина Ѓорче Петров улицата 4-ти јули 120 метри, исто во општина Ѓорче Петров, улица 3 во населба Маџари, општина Гази Баба во должина од 113 метри.

Најголемиот дел е во цело село Стајковци се’ уште во фаза на реконструкција на вкупната водоводна мрежа во должина е 5,6 километри, на улицата Антон Попов во населба Ченто, 350 метри Црквиче, во Волково 1022 метри, улицата 24 во Волково 650 метри, Герник и Ратко Митровиќ во Драчево должина од 2800 метри, улица 51 во Стопански двор 420 метри и улицата 7-ма Албанска бригада во општина Чаир во должина од 49 метри.

Ова се детални информации и граѓаните треба да знаат што и колку се работи. Уште еднаш ќе нагласам дека ова е долгорочен проект, овој проект ќе трае и по моето заминување и со уште многу директори. Бидејќи водоводната мрежа е многу стара, како што рековме ние сме претпријатие кое постои повеќе од 105 години, само за информација првата каптажа во изворот Рашче е направена во далечната 1936 година веќе во 1938 година граѓаните на Град Скопје преку старите лимено железни цевки се снабдувале со вода, значи за колкав стар систем зборуваме.

Нетпрес: Бенефитите за граѓаните од обновата на цевководите?

Србиновски: Секако бенефитите се многу поголеми пред се’ тоа е преку регулирање на местата каде беше намален притисокот поради честите дефекти, застареноста на мрежите, поради малите профили на цевки, потоа поради тоа што градот нагло се шири, бројот на население рапидно расте. Така што ако имате некоја линија која е градена во 50-тите години или веднаш по земјотресот 1963 многу е јасно дека така не може повеќе да го задоволи тој капацитет и од друга страна со новите материјали, со новите цевки се дава гаранција за чисто хигиенски санитарен аспект дека се работи за висококвалитетна вода која граѓаните во Скопје треба да бидат среќни што ја пијат. Нема никакви хемикалии, никакви технолошки процеси кои ќе влијаат на квалитетот на водата, баш природна вода.

Нетпрес: Може ли да ни кажете до каде е проектот за изградба на пречистителна станица во Трубарево?

Србиновски: Навистина повеќе години се работи. Јас би рекол корените се уште во поранешна Југославија на почетокот на 80-тите години кога е проектиран еден голем проект од страна на градежното претпријатие Пелагонија додека технолошкиот дел е проектиран од Сигма од Прага, тогашна Чехословачка. Меѓутоа заради одредени политички ситуации, дојде од распад на Југославија, одредени финансиски проблеми не е реализиран. Затоа сега реализацијата на тој проект, сигурно ќе треба да биде помогнат од Владата на Република Македонија, од Градот Скопје како трета страна самото претпријатие бидејќи се работи за огромни финансиски средства кои од далеку Водовод нема можност да ги покрие или обезбеди.

Нетпрес: Пред извесно време објавивте податок дека имате ненаплатен долг од над 35 милиони евра. Се бара ли решение за неплаќачите на сметките, начин да се мотивираат граѓаните и фирмите редовно да си ги подмируваат долговите?

Мотивот на граѓаните е обезбеден со редовно снабдување на чиста изворска вода за пиење, кое е навистина е едно богатство, една скапоценост и треба да го ценат и да го чуваат тоа богатство. Што се однесува до начинот на наплата, јас неколкупати досега и сега ќе истакнам дека нас не ни останува ништо друго освен по законски пат граѓаните кои имаат долг, поголем од 3.000 денари, ние да ги тужиме, и нормално по судски пат тие парични средства ќе ги наплатиме. Затоа уште еден апел до граѓаните, ги замолувам да си ги подмират сметките за да не доаѓат во ситуација да плаќаат дополнителни судски трошоци или нотарски заверки.

Нетпрес: Дали ќе има исклучување на оние кои нема да ги платат своите долгови?

Србиновски: Бидејќи водата е богатство и неопходна за живот, гледаме што помалку да има исклучувања, одиме со опомени, им укажуваме што како, но реков, со начинот на тужење, самите граѓани се свесни дека после извесен временски период, во зависност од решавање на судските предмети, тие на крајот добиваат пресуда каде во 99 отсто од случаите се виновни и нема друго освен да ги подмират средствата кои ги должат кон „Водовод и канализација“ – Скопје.

Нетпрес: Спроведовте кампања за подигање на свеста кај граѓаните за совесно користење на водата, има ли резултати?

Србиновски: Има резултат, но не сме задоволни. Тие се мали резултати се работи за минимален процент кој што беше помал од очекуваниот и навистина реално што требаше да го добиме. Еве уште еден апел до граѓаните, водата е такво богатство што е незаменливо, човек не успеа да најде замена за водата и не ни останува ништо друго освен рационално и штедливо однесување кон водата. Сведоци сме на овие глобални затоплувања, климатски промени ќе видиме дали оваа година во ноември, декември, јануари ќе бидат врнежливи, сето тоа ќе имплицира што идната година во каков процент ќе имаме вода за пиење. Иако резервите на Рашче се уште се многу големи, меѓутоа тоа не значи граѓаните да се однесуваат несовесно и да мислат дека е буквално е Господ дадена водата и никој ништо не им може. Напротив треба да се штеди рационално да се чува и да се однесуват буквално како да е нивна сопственост и да остават и за идните генерации. Значи кампањата даде некои резултати, но очекуваме подобри резултати.

Нетпрес: Кои се идните планови на претпријатието, планирате ли некои поголеми инвестициски зафати, на што ќе биде ставен фокусот следната година?

Србиновски: Во однос на новитетите покрај реконструкцијата на водоводната мрежа, која што нели е ударна и примарна задача, ќе нагласам е и автоматизација на препумните станици кои се веќе завршени во Инџиково, Ново село, Гази баба, Горна Матка и хидрофорот во село Кондово. Се работи за вградување на нови елементи тоа се со стартери, регулатори и фреквентни регулатори каде што се зголемува работниот век на самите пумпи , а од друга страна се обезбедува заштеда на електрична енергија, која е се’ поскапата и поската и треба да се штеди, а Водовод има одредени финансиски импликации со трошењето, така што ова се поставени фреквентни регулатори од марките Сименс и Дајфус, каде што првите резултати се навистина добри и бидејќи позитивни се искуствата ќе продолжиме со овој проект, каде што тенеденција е сите препумпните станици да бидат опремени со овие стартери за меко пуштање на вода во самите пумпи.

Завршена е катодната заштита. Катодната заштита се однесува на двата челични цевководи, скопјани пијат вода од два челични цевоводи со пречник од 1600 мм и тие се стари од 45 до 50 години и таа катодна заштита е со цел да се спречи ’рѓосување на самите челични цевоводи и да се продолжи животниот век. Тоа значи дека „Водовод и канализација“ навистина води сметка за сите свои објекти во мрежата на дистрибуирањето. Во делот на канализација се зголемува километрежата на фекалната канализација и атмосферската канализација во Градот Скопје.

Тенедецијата е да се реши притисокот и сите граѓаните да имаат еднаков или воедначен притисок. на тој начин што ние се турдиме одредени локалитети поради топографски причини имаат послаб, односно некаде имат помал, некаде поголем притисок. Ние се трудиме со ставање на регулатори на притисок на самата водоводна мрежа да го регулираме, значи вештачки притисокот, а друга страна е самото регулирање на работењето на препумпните станици … Тоа е процес кој што ќе трае со години, секаде каде што ќе се појави слабост ние ќе интервенираме.

Тоа е акција која веќе трае, веќе ги кажав локациите каде се направени замени, остануваат и другите каде што до две три години ќе трае тој проект.

Нетпрес: Работите околу изградбата на новата управна зграда се во мирување, до каде е постапката за наоѓање на нов изведувач по банкротот на Алпине Бау?

Србиновски: Тендерот беше поништен бидејќи двете понуди кои дојдоа беа неадекватни нормално ние во законските рамки си постапивме. Законот вели дека поради неадекватна документација, тендерот треба да се поништи. Сите законски прописи ги почитуваме и ќе го распишеме новиот тендер со сите законски работи и без грешки. Повторно ќе бидат на потег градежните претпријатија, фирми кои ќе конкурираат и нормално доколку бидат непотполни или неадекватни ние немаме друг излез освен да се придржуваме до законот.

Се работи за огромна зграда рокот за завршување е 15-ти декември 2014 година меѓутоа да бидам искрен никој не очекуваше дека ќе дојде до банкрот на изведувачот. Значи тие работеа веќе година и дена карабината е веќе готова, куполата е ставена, некои позиции околу санитарни јазли се завршени, работите доста добро течеа и ние бевме задоволни од динамиката на градењето, меѓутоа дојде ситуација од Виена, бидејќи изведувач беше Алпина Бау од Виена, каде што и ден денеска не знам што точно се случи и кој е проблемот. Она што го знам е дека се работи за долг од 2,6 милијарди евра, за само да дојде едно писмо дека повеќе не можат да извршуваат своите обврски нешто што не затече во моментот некаде околу 22 јули оваа година.