Србиновски повеќе не е тренер на Кожув

Кошаркарскиот стратег Марјан Србиновски, повеќе не е тренер на Кожув откако сам си поднсе оставка од оваа функција. Откако минатата година го однесе Кожув во финалето на плејофот, Србиновски сезонава се соочи со значителни проблеми, пред се во БИБЛ-лигата каде неговиот тим нанижа седум порази по ред. Токму ова беше најголемата причина за заминување од тимот на Кожув.

„Поднесов оставка поради лошата серија во БИБЛ-лигаата и немањето на исти ставови за некои идеи со раководството на клубот. Сакам да изразам голема благодарност до играчите, раководството на клубот, навивачите и до цела Гевгелија за убавите две сезони во кои успеавме да го направиме Кожув респектибилен клуб во Македонија, но и пошироко“ изјави Србиновски за интернет порталот “Екипа”

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.