Србите бараат да се затвори кафулето кое ги исфрли македонските спасувачи

Српските медиуми објавија коментари од револтирани Срби кои бараат да се објави името на кафулето кое не им дозволи влез на македонските спасувачи.

Веб порталите кои ја објавија оваа информација имаат огромен број реакции и барања, јавно да се каже кој го направил овој како што велат срам, за да може да се бојкотира тоа кафуле.

Имено, вчера се појави информација дека на македонските спасувачи не им било дозволено да влезат во кафуле, бидејќи биле валкани. Тие, без приговор го напуштиле местото и се упатиле кон друго место да се одморат и нахранат. А, потоа повторно се вратиле на своите работни задачи.

Во коментарите се бара да се објави името на кафулето, да се затвори да не работи, како и тоа дека е срамота бидејќи луѓето си ги жртвувале животите, а наишле на таков однос.