Србите од Косово ќе гласаат на парламентарните избори во Србија

Србите од Косово ќе гласаат на парламентарните избори во Србија, а во организацијата ќе се вклучи ОБСЕ, пишува денеска српскиот весник „Вечерње новости“.

За гласањето се постигнало договор во Брисел, но преговарачките тимови на Белград и Приштина треба да ги прецизираат деталите, со оглед на тоа дека властите во Приштина не сакаат организатор на изборите да биде Белград.

За да ја покажат својата државност косовските власти сакаат гласовите да бидат пребројувани надвор од територијата на Косово, наведува весникот