Србите од северно Косово бараат ослободување на Оливер Ивановиќ

Србите од северно Косово бараат ослободување на лидерот на граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ, кој беше уапсен од ЕУЛЕКС, под обвинение за воени злосторства, јави српската агенција „Бета“.

Претседателот на општина Косовска Митровица, Александар Шпириќ изразил уверување дека Ивановиќ ќе биде пуштен да се брани на слобода.

Ивановиќ е уапсен за воени злосторства, по барање на меѓународниот обвинител. Тој е обвинет за убиство на 31 Албанец на 14 април 1999 година во Косовска Митровица, како и за нападот над северниот дел на Косовска Митровица на втор и четврти февруари 2000 година, кога биле избркани 11.364 Албанци. Тогаш се повредени 25 лица, а 93 биле физички малтретирани.

Портпаролот на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ потврди дека во тек е акција во Северно Косово, без да соопшти други детали за што станува збор и не споменувајќи имиња.