Балкан

Србите во Косово се заканија со можен прекин на соработката со ЕУЛЕКС

Србите во Косово се заканија со можен прекин на соработката со ЕУЛЕКС

Србите во северно Косово денеска протестираа и повикаа да им биде дадена можност на сите уапсени Срби да се бранат од слобода, бидејќи во спротивно ќе бидат принудени да ја прекинат соработката со ЕУЛЕКС.

Тие објавија дека ако „продолжи хајката против Србите, пратениците, градоначалниците и општинските советници ќе го преразгледаат учеството во сите институции на територијата на Косово“.

На протестот под мотото „Сите сме еднакви, кој од нас ќе биде следниот“, тие изјавија дека ако не биде исполнето барањето уапсените Срби да се бранат од слобода, тие со сите мирни демократски средства ќе го изразат граѓанското непочитување на ЕУЛЕКС, полицијата и обвинителството во Косово.