сабота, 24 декември 2016  |  Вести денес: 26

Србов: Aлбанските гласови верувајте се купувани со големи ветувања

Што може Албанец да очекува повеќе во овој момент од тоа што го има сега како право во Република Македонија? Ги имаат апсолутно сите права, да не се повторуваме колку се ускратени прави на други етнички заедници на сметка на албанските права да се дадат, вели Србов.

nikola-srbov-640x331

Последни вести

Албанските гласови се купувани со пари, но албанските гласови верувајте се купувани со многу големи ветувања. Со ветувања за решавање на големи прашања во Република Македонија, рече историчарот и политички аналитичар, Никола Србов.

– Што може Албанец да очекува повеќе во овој момент од тоа што го има сега како право во Република Македонија? Ги имаат апсолутно сите права, да не се повторуваме колку се ускратени прави на други етнички заедници на сметка на албанските права да се дадат. Не може ништо повеќе што друго би барал освен тоа што го пишуваа СДСМ во својата програма, а тоа е низ мала врата да ни се протне кантонизацијата преку децентрализацијата на општините. Гледавме вчера како во Куманово при обид на полициска акција беа спречени специјалците од членство на СДСМ, е сега замислете ситуација како што пишуваат во програмата, да биде децентрализирана македонската полицијата и во Куманово да има свој ингеренции повеќе од ова што го има сега, значи тогаш не членството на СДСМ туку тогаш таа некоја локална полиција ќе може да ги спречи специјалците да спречат терористички напад во кумановско или тетовско, кажа Србов.

Во однос на двојазичноста, Србов смета дека тоа води кон едно јазично подрачје и поделба на државата.

– Го гледаме сценариото што беше запишано во програмата на СДСМ за двојазичноста во Република Македонија каде што Зоран Заев предвидел дека од најмала возраст децата во градинките треба да учат албански јазик за меѓујазично да се разбирале. Тоа ќе доведе до задолжително изучување на албанскиот јазик на Македонците во цела Македонија, посебно во западна Македонија и создавање на едно-јазично подрачје, а тоа веќе води кон поделба на државата, смета политичкиот аналитичар Никола Србов.

Најчитани вести