Србов: Четири години фондацијата „Отворено општетство“ ги злоупотребуваше парите од УСАИД

србов

Тој во „Отворено студио“ на ТВ НОВА го поткрепи својот став, појаснувајќи каква треба да биде улогата и целта на УСАИД во македонското општество, а што всушност се случува со нивните проекти и финансии.

-Средствата на УСАИД доаѓаат од даночни обврзници на САД. Кога една држава финансира друга држава, тоа значи дека треба да ја помага државата, а не одредени политички партии. Во Македонија во претходните четири години парите од УСАИД ги злоупотребуваше фондацијата „Отворено општетство, изјави Србов.

Додаде дека тоа што нивната политика води кон поддршка на една политичка партија во земјава е директно вмешување во внатрешната политика на една држава.

-Јавноста во САД треба да биде запознаена дека со нивни средства во Македонија се поддржуваат поранешни удбаши, поранешнии комунисти, луѓе кои се лустрирани заради кршење на основни човекови права, како што се правото на самоопределување и правото на говор. Им даваат пари да промовираат демократија. Тоа се луѓето против кои САД се бореше 50 години. Благородна беше идејата на СОРОС во 80-те години кога работеше за да се урне комунистичкиот режим во Источна Европа, но идејата мутираше. И тој сега ги зема под своја капа, луѓето против кои се бореше, истакна Србов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.