Македонија

Локални избори 2017 Србов: Јавноста беше сведок како изгледаат избори кога СДСМ ги организира

Србов: Јавноста беше сведок како изгледаат избори кога СДСМ ги организира

Денеска јавноста беше сведок како изгледаат избори кога СДСМ ги организира истите, тоа што го гледавме во текот на целата изборна кампања го гледавме и денеска, истакна на прес-конференција Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.

„Изборниот ден помина со бројни нерегуларности и кршење на државниот законик, се узурпираа државни ресурси, за да вршат притисок, се поткупуваа гласачи, а граѓани постојано се превезуваа на гласачките места, во Охрид се појавија гласачки ливчиња од општина Карпош, а полициски џипови со симпатизери на СДСМ кружеа низ повеќе градови. Требаше да бидеме среќни само што немаше жртви и повредени иако во текот на денот пристигнаа бројни нерегуларности. За сите овие нерегуларности се направени записници и ќе се информираат меѓународните претставници. Во моментов пристигнуваат резултатите од избирачките“, потенцираше Србов.

Додаде дека граѓаните денеска беа сведоци и се уверија какви избори СДСМ можат да организираат. Направени се записници и истите ќе бидат доставени до сите меѓунардони институции.