Србов: Не постои невладин сектор ако тој е финансиран само од еден центар

Во контекст на надворешното мешање во државата беше и делот во кој се говори за невладините организации под капата на Фондацијата Отворено општество. Во Прогласот изнесен на 17 декември 2016 година, Никола Груевски соопшти дека „ВМРО-ДПМНЕ ќе се бори за „десоросоизација“ на Република Македонија и за зацврстување на независен граѓански сектор, кој нема да биде под ничија контрола. Ќе се пристапи кон регулирање на областа на финансирање на фондациите и на невладините организации по примерот на најнапредните демократии во светот“. Ова, можеби, е една од најклучните точки за заздравување на општеството и за спас на државата, пишува во својата колумна за Република политичкиот аналитичар Никола Србов.

-Изминатите години гледавме како се врши монополизација на невладиниот сектор, кој се финансираше од еден центар. Не е возможно да постои невладин сектор и тој да биде финансиран и оркестриран од еден центар, не можеме да зборуваме за невладин сектор доколку тој оркестрирано работи за една од политичките партии во Република Македонија. Оваа точка е есенцијална бидејќи преку невладините организации на Сорос беше киднапиран Социјалдемократскиот сојуз, преку газењето на волјата на граѓаните истиот тој невладин сектор, финансиран однадвор, од еден центар што ја киднапираше СДСМ, сега се обидува да ја киднапира Република Македонија. На тој начин се одзема суверенитетот од граѓаните на Република Македонија, вели Србов.