Србов: Не смееме да дозволиме да добиеме паралелна институција на највисоката институција

Доколку лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги послуша проопозициските експерти и свика седница надвор од Собранието и собраниските процедури со цел да конституира собраниско мнозинство, не само што ќе го прекрши уставот, туку и ќе создаде пара-парламент. Ќе добиеме паралелна институција на највисоката институција, а тоа е парламентот на Република Македонија, смета политичкиот аналитичар Никола Србов.

-Кога добиваме паралелна институција на највисоката институција добиваме паралелна држава. Тоа е де факто е федерализација. Во едниот – нивниот, ќе бидат албанските партии, вклучително и СДСМ која повеќе не се препознава како македонска партија и во другиот би била ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е поделба на државата. Доколку Заев се откаже од платформата, друг проблем би било тоа што ВМРО-ДПМНЕ е победник на изборите. Сите заборавивме дека во Македонија не му се даде шанса на победникот да направи Влада, зашто беше уценет со еден постизборен документ. Платфорамата е измама. Има гласачи кои гласале за програмата на Заев, а по изборите добиле друга програма – Тиранска платформа што предвидува обезличување на државата, истакна Србов.