недела, 11 декември 2016  |  Вести денес: 28

Србов по заканите од поранешниот директор на УДБА: Очекувам реакција од МВР

Настанот е пријавен во МРВ, се надевам дека министерството ќе се заложи да се реши и да се расветли овој случај. Покрај тоа, Бабановски ќе си добие и соодветна тужба, кажа Србов.

nikola-srbov-1-640x334

Последни вести

До сега сум добивал закани, од анонимни повици, по смс и по социјалните мрежи, но сепак сето тоа било во некои граници во некоја нормала или сум предизвикал со нешто реакција кај некои луѓе, но во овој случај, Бабановски со влетување во редакцијата на Неделникот Република и непосредно праќање порака преку друг човек дека после изборите ќе ме нашле на Дрисла, тоа е моја ликвидација, закана по живот, е далеку посериозна закана од овие што ги зборувам, претходниве, истакна Србов во гостувањето во ТВ Нова. 

Србов при своето гостување истакна дека новиот случај е пријавен во Министерството за внатрешни работи и дека очекува расветлување на случајот во најскоро време.

– Исто така добивав закани кога беше случајот со министерот Диме Спасов, кога излегов на телевизија да прокоментирам кои подземни структури всушност делуваат во политиката, па и тие закани ги ставив онака на страна. Ова е баш директна закана и јас истата се одлучив да ја пријавам во МВР. Настанот е пријавен во МРВ, се надевам дека министерството ќе се заложи да се реши и да се расветли овој случај. Покрај тоа, Бабановски ќе си добие и соодветна тужба, кажа Србов.

Целото гостување на Никола Србов на ТВ Нова погледнете го во продолжение:

Најчитани вести