сабота, 18 февруари 2017  |  Вести денес: 2

СРЦ Пониква доби туристички информативен центар

Спортско рекреативниот центар Пониква на Осоговските планини доби Туристички информативен центар кој ќе им служи на туристите и посетителите за подетално запознавање со природните убавини, реткости, знаменитости, сместиувачки капацитети, скијачки терени, планинарски патеки.

пониква

Последни вести

Прокетот е реализиран преку Програмата за зачувување на природата преку источниот плански регион.

Со средства од  3 милиони и 300 илјади денари од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) извршена е реконструкција на зграда на Пониква, при што објектот се состои од сала за состаноци и работилници, изложбен дел за информативно-туристички материјали, канцеларија и две помали простории. Инсталирано е подно затоплување на пелети, изјави градоначалникот на општина Кочани Ратко Димитровски.

Главната цел на Туристичкиот информативен центар е да нуди што поголема достапност на информации за локалитетот, за Спортско-рекреативниот центар „Пониква“, како и за Источниот Регион, истакнува Димитровски.

Исто така центарот ќе има за цел да промовира зачувана и унапредена животна средина, одржливо користење на енергијата, развој на различни видови туризам, како и да ги зајакнува институционалните и човечките капацитети за развој на туризмот во кочанско.

Најчитани вести