Среба Попоски – Ванг: Можност за соработка во повеќе области и помош за мигрантите

Среба Попоски – Ванг: Можност за соработка во повеќе области и помош за мигрантите
Среба Попоски – Ванг: Можност за соработка во повеќе области и помош за мигрантите

Попоски и Ванг разговараа за можни проекти во повеќе области и помош за справување со мигрантската криза. Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денес оствари средба со неговиот кинески колега Ванг Ји, во рамки на посетата на НР Кина од страна на македонска делагација, предводена од премиерот Никола Груевски.

Како што информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Попоски ја повтори цврстата поддршка на Република Македонија на процесот 16+1 и интересот за нашето понатамошно вклучување во инфраструктурните проекти кои произлегуваат од овој процес.

Среба Попоски – Ванг: Можност за соработка во повеќе области и помош за мигрантите
Среба Попоски – Ванг: Можност за соработка во повеќе области и помош за мигрантите

Во делот на меѓусебната соработка, беше дискутирано околу можни проекти во делот на енергетиката, железничката инфраструктура, индустријата и туризмот.

Исто така, од македонска страна беше поздравена намерата на НР Кина за финансиска помош кон жариштата на кризи кои генерираат зголемен број на бегалци кон Европа, како и излегување во пресрет на потребите на земјите кои се соочени со бранот на мигранти, особено по Балканскиот коридор.

Министрите за надворешни работи на двете земји изразија взаемно задоволство од соработката помеѓу двете земји на мултилатерален  и културен план.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.