Сред бел ден ограбена обложувалица во Тафталиџе

Со закана со нож украл 3.000 денари од спортска обложувалница.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11 часот разбојник ја ограбил спортската обложувалница „Спорт Лајф“ на улицата Лондонска во скопската населба Тафталиџе.

Тој со нож му се заканил на вработениот и успеал да украде 3.000 денари. Се преземаат мерки за откривање на сторителот.