Средба Бесими, Филе и Попоски: Следната средба на високо ниво по изборите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, и министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска остварија средба со Еврокомесарот за проширување на Европската унија Штефан Филе.

На средбата се разговараше за европската перспектива на Македонија и на регионот додека главен акцент се стави на Пристапниот дијалог на високо ниво (ПДВН) каде соговорниците се согласија следната средба на високо ниво да се одржи после парламентарните и претседателките избори. Исто така на состанокот се разговараше за можните главни теми кои ќе бидат опфатени во идниот Дијалог на Високо Ниво а тоа се добрососедските односи, вледенето на правото и фундаменталните права.

Меѓу другото на состанокот се потврди дека и по завршувањето на изборите, интеграцијата на земјата во Европска Унија ќе продолжи да биде главен стратешки приоритет.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.