Средба Адеми-Камбовски

Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, денеска оставри работна средба со претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, академик Владо Камбовски и членовите на Управиот одбор на Академијата.

– Од претседателот и претставниците на МАНУ беше побарано да имаме почести средби, да учествуваат во подготовка на националните стратегии за развој на науката и иновациите, за повеќе ресурси кои треба во иднина да се вработат, а беа поздравени и чекорите за стипендирање на млади научници, за инвестирање во лабораториите, за преводот на стручни книги и за другите проекти во оваа област. Драго ми е што пристапот на МАНУ и на академиите во регионот веќе се менува и повеќе работат на истражување и иновации. Мислам дека тоа е иднината на академиите и на државите затоа што науката е двигател на развојот на државите, изјави министерот Адеми.

Во врска со заложбите да се искористат што повеќе меѓународните фондови за истражувачка дејност кои и се достапни на Македонија, особено тие од Европската унија, Адеми соопшти дека Министерството веќе формирало единица надлежна за спроведување на програмата „Хоризонт 2020“.

Ademi-Kambovski3

Во соработка со Делегацијата на ЕУ во Скопје, соопшти Адеми, вчера и денеска се организираат работилници за лица и институции за да знаат како да аплицираат и да подготвуваат проекти за да ги искористат средствата што се на располагање.

Претседателот на Академијата Камбовски средбата ја оцени како многу корисна, посебно поради тоа што, како што рече, од министерот бил информиран дека има реални планови да се зајакне секторот за наука во Министерството за образование и наука што е во согласност со барањата на ЕУ за вклучување на науката и високото образование во единствениот простор на образование, наука и истражување во ЕУ.

– Задоволни сме што имаме целосна согласност околу неколку значајни работи, дека до крајот на оваа година ќе биде усвоена програмата за развој на високото образование, науката и истражувањето, која предвидува подобрување на науката и истражувањето од година во година, зголемување на средствата за наука и истражување, и тоа не само од буџетот на државата, туку и во соработка со бинис-заедницата и меѓународни проекти. Треба да се подготви среднорочна, па и долгорочна стратегија за развој на научно-истражувачката дејност што, исто така, ќе биде огромна задача. Важен сегмент на стратегијата е зајакнување на научната инфраструктура, тоа значи опрема и научен кадар, кој сега многу ни недостига, истакна Камбовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.