Средба Димитриев – Борисов во Рига: Заложба за подлабока економска соработка на Македонија и Бугарија

Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на избори, Емил Димитриев, утринава во Рига оствари средба со својот бугарски колега Бојко Борисов, пренесе МИА.

Средбата со бугарскиот премиер, според кабинетот на премиерот Димитриев е оценета како конструктивна.

borisov3-640x346

Двете страни се обврзале да придонесат со заедничка заложба за унапредување на економската соработка, трговската размена и реализација на инфраструктурни проекти што се од значење за двете држави, со акцент на изградба на железничката и патна инфраструктура на коридорот осум.

Истакната е значајноста и потребата од членство на Република Македонија во НАТО и почеток на пристапни преговори за македонско членство во Европската унија. Од двете страни била нагласена одлучноста за натамошно продлабочување на добрососедските односи.

borisov2-640x385

Премиерите се согласиле дека тежиштето мора да биде ставено на големиот потенцијал за размена во области што се од најголемо значење на граѓаните на двете земји, како економијата, туризмот и културата. Заедничка намера е добрите практики на соработка, преку академиите за науки да се пресликаат и во другите области на соработка.

На средбата, според кабинетот на македонскиот премиер, станало збор и за менаџирање на ефектите од мигрантската криза што ја погоди Европа, но и посебно Македонија и Бугарија кои се најдоа на главниот пат на мигрантите.

borisov-640x454

Оваа средба се одржа пред почетокот на Петтиот состанока на 16 европски земји од Средна и Источна Европа со Народна Република Кина во Рига.